Доволно е само еднаш да отидете во Кратово. Додека си заминувате од таму, веќе правите план повторно да се вратите. Град кој секогаш има нови приказни да ви открие - кулите и мостовите се само дел од нив
Пишува. Васко МАРКОВСКИ
Снимил: Милан СТРЕЗОВСКИ
Кратово е град кој не ве остава рамнодушни. Тоа е љубов на прв поглед. Кратово е како дрога. Еднаш ќе го пробате и никогаш нема да ве остави целосно на мир, едно зрнце од вашата свест и потсвест секогаш ќе мисли на него и постојано ќе ве повикува назад, макар и на час-два.
Доволно е на прегратката што ви ја нуди Кратово да и’ пристапите со отворено срце. Другото ќе го направат енергијата од смирениот вулкан, што ја чувствувате насекаде околу, срдечните кратовци и шармот на средновековните кули и мостови.
ГРАД ВРЗ КРАТЕР
Една од најчестите погрешни предрасуди за овој град е дека Кратово е безлично рударско гратче, кое нема што да понуди освен правливи улици и невпечатлива архитектура.
Пишува. Васко МАРКОВСКИ
Снимил: Милан СТРЕЗОВСКИ
Кратово е град кој не ве остава рамнодушни. Тоа е љубов на прв поглед. Кратово е како дрога. Еднаш ќе го пробате и никогаш нема да ве остави целосно на мир, едно зрнце од вашата свест и потсвест секогаш ќе мисли на него и постојано ќе ве повикува назад, макар и на час-два.Доволно е на прегратката што ви ја нуди Кратово да и’ пристапите со отворено срце. Другото ќе го направат енергијата од смирениот вулкан, што ја чувствувате насекаде околу, срдечните кратовци и шармот на средновековните кули и мостови.
ГРАД ВРЗ КРАТЕР
Една од најчестите погрешни предрасуди за овој град е дека Кратово е безлично рударско гратче, кое нема што да понуди освен правливи улици и невпечатлива архитектура.
Но, не бидете наивни. Влегувајќи во Кратово, влегувате во град што бил изграден врз вулкански кратер, низ кој течат три реки, поврзани со мостови од камен, кои уште од првата средба засекогаш ќе останат во вашата меморија. Но, тоа не е се’. Влегувајќи во Кратово, влегувате во град изграден на темелите на древна рударска населба што првпат била спомната во историјата пред 27 векови, како рударска населба во Хомеровата Илијада. Шесте средновековни кули, меѓусебно поврзани со подземни ходници, ќе ве потсетат на времето кога од кратовското среброто се ковале пари за европските-градови држави и кога редонвни гости на градот биле трговците од Истокот и од Западот.МАЈСТОРИ НА ЅИДАРИЈАТА
Не изненадувајте се ако останете без зборови и ако се фатите себеси во разговор со себе кога ќе тргнете да ги разгледувате кратовските мостови. Шетањето од мост до мост истовремено ве восхитува и отвора пред вас безброј прашања. Ќе бидете вчудовидени од градителските решенија и од врвната изработка и ќе се прашувате себеси колку мајстори ги граделе, колку камен потрошиле и колку време било потребно за да се изгради еден мост. Разгледувањето на мостовите е доволно голем предизвик и кога тоа го правите самите со себе, но овој пат решивме да побараме водич.ТАЈНИОТ ЈАЗИК НА МОСТОВИТЕ
Седумте камени мостови, како што ни објасни од Стевче Доневски од Општинскиот центар за карпеста уметност, биле изградени во 18 и во 19 век. Чаршискиот, Грофчанскиот, Јокширски мост и Горномаалскиот мост ја премоствуаат Табачка река, а другите два, Аргулички мост и Радин мост се над Манцева река.
"За секој мост има по неколку приказни и секој мост со својата форма носи некаква скриена порака. Грофчанскиот мост има два свода со отвор на средината и за него се вели дека го прикажува ликот на градителот, кој немал носна коска. Најтежок да се изгради бил Јокширскиот мост или Свински мост (на кратовски јокшир е свиња). Едното предание зборува дека мостот го градела цела армија ѕидари, за кои биле заклани многу свињи за да се нахранат, па оттука го добил и името. Според другото предание, толку било тешко да се направи мостот, што го чувствувале како ѕвер, кој морале да го нахранат со многу свињи за да можат да го изградат", ни раскажа Доневски.
Најпрочуениот меѓу денешните кратовски мостови е Радин мост на Манцева река. Според една народна песна, мостот го граделе деветмина браќа, но тоа што ќе го изѕидале преку ден, преку ноќ се уривало. Така било се’ додека во темелите на мостот не ја заѕидале невестата на најмалиот брат, Рада, која дошла да да им донесе ручек на мајсторите.ЕДНА КУЛА - ЕДНА ПЛАНИНА
Прошетката ја продолживме кај Симиќевата кула, една од шесте средновековни кули што можете да ги видите денес во Кратово. Изградени се во периодот од 1365 до 1380 година и служеле како живеалишта и како трезори за чување на парите што се ковале по нарачка во кратовските ковачници.
Во разгледувањето не’ водеше Драган Ѓеорѓиевски, директор на Музејот на градот Кратово, кој ни раскажа дека во градот некогаш имало 13 кули. Денес од нив се останати Симиќевата кула, Златкова кула или Кула на Асан Ефенди, Саат кулата, Крстева кула, Еминбегова кула и Хаџи-Костова кула. Од нив во најдобра состојба е Саат кулата, во која е поставена изложба на тема Кратово низ вековите.Во кулите се случувале сите зделки со кои се нарачувале пари од кратовските ковачници, а поради безбедноста што ја нуделе истовремено биле и трезори во кои се чувале скапоцените метали и изработените кованици. Дека биле речиси неосвоиви можете и самите да почувствувате гледајќи ја масивноста на ѕидовите и пушкарниците што ги гледате на сите четири страни додека се искачувате од кат до кат.
"Само за изградба на една кула биле потребни околу 2.600 кубни метри обработен камен, што е колку една планина од камен. Кулите биле речиси неосвоиви. И да успеел некој да им се доближи и да се пробие низ вратите, тешко дека ќе можел да се качи во трезорите, зашто по скалите го пречекувале огнени топки од стопено олово и борова смола", ни рече Доневски.Најголемата тајна на безбедноста на средновековно Кратово ја видовме на заминување. Под секоја кула некогаш имало тајни ходници за евакуација, кои завршувале на периферијата на градот, кај Радин мост, низ кои некогаш се спасила убавата Сара бегајќи од Турците.
Сакате да ги видите? Појдете во Кратово. Ќе ги најдете во ресторанот под Емин Беговата кула.

1 comments:
браво за текстот ! супер е напишано :)
Post a Comment