Новинско издавачкото друштво Форум плус во средата го промовира првото издание на месечникот Free Time Guide - Macedonia, наменет за странците што живеат или што патуваат во Република Македонија.Магазинот ќе се печати на 40 страници, на англиски јазик и ќе објавува репортажи за културното наследство и природните убавини на Македонија, информации за репертоарите и настаните на културните установи и прилози за македонската кујна и македонските вина.
Списанието ќе биде бесплатно, а ќе се дистрибуира во хотелите, рестораните, кафулињата, туристичките сојузи и агенции и во дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија.
0 comments:
Post a Comment