ТАКСИ ПРИКАЗНА
Светот е мал, а сметките се порамнуваат
Светот е мал. Не знаеш со кого ќе се најдеш каде што најмалку очекуваш. Пријатели од летување, другари од војска, симпатија од “основно”, другарче на твоето дете од кое времето направило мажиште. Тоа е убавата страна на “таксирањето”, покрај сите непријатности што ги носи професијата.
Чекав патници кај општината во Карпош. Бош ден - врне, грми - тек-тук по некој човек - недела попладне. Од карши по улицата гледам доаѓа еден полека-полека, како сред лето под некоја сенка. Дојде на станицата.
“До Влае”, рече, “па ќе одиме во Ѓорче” - сиот искиснат, со засипнат глас. Тргнавме и, отпрвин беше тивок, ништо не зборуваше. Беше двојно постар од мене, околу 45-50 години, барем така изгледаше, онака накиснат. “Каде вака?” - го прашав.
“Остај”, рече со рапавиот глас, “решив да одам по другари, преку глава ми стана од работа, од телевизорот, па - пиво кај овој, пиво кај оној, сега ќе одам дома до Влае да се пресоблечам, па ќе одам кај еден стар пријател во Ѓорче, живее сам и во секое време во фрижидерот има оладено пиво”. “А, ти - како оди работа” - ме праша.
“Денеска имате среќа. Колегите заминаа, а мене ми е прв ден ,таксирање'. Вие сте ми вториот патник. Решив да останам на станицата, знаев дека нешто ,ќе капне'.”, му одговорив и, гледајќи го во ретровизорот, ми се причини дека од некаде го познавам. “Одамна сте во Влае? Јас живеев таму, на Петар Илич Чајковски”, не издржав да не го прашам.
“А, ти ли си”, извика, “како ти беше името - ваму на ќошето, кај сината ,пезетка' - Мики или Јован”.
“Иван”, одговорив, “брат ми е Мики”.
“Аа - тогаш ќе возиш со попуст - ќе ти наплатам стари долгови”, вели. “Знаеш ли кој сум јас? ,Осмолетка' учеше во “Јосип Броз”, руска паралелка?”
“Чекај”, реков, “ти си Мирко, синот на наставничката по руски?”
“Аха”, кимна со главата.
“Знам што ти должам, ти останав должен два сладоледа кога се преселив во Аеродром. Сум ќарил четворка со тестовите што ги продаваше низ маало, се утепав од препишување.”
Долго време откако се преселив ми се враќаше мислата дека останав должен за “четворката”. Ми фалеше уште една оценка за да поминам “многу добар”. Знаев дека кога тогаш, ќе морам да платам.
“Слушај”, реков “ за сладолед си пораснал, за пиво - ќе пиеш кај другарот. Ќе те возам без пари, така да ти платам. Бива?”
“Бива” рече расположено, “ќе имам пари за уште по две пива со другарот”.
Ете, светот е мал, а сметките се порамнуваат. Помалку пари за прв ден “таксирање”, ама сега сум поспокоен. Возам дванаесет години, заработувам пристојно. А, “четворката” и средбата цел живот ќе ги памтам.
Светот е мал, а сметките се порамнуваат
Светот е мал. Не знаеш со кого ќе се најдеш каде што најмалку очекуваш. Пријатели од летување, другари од војска, симпатија од “основно”, другарче на твоето дете од кое времето направило мажиште. Тоа е убавата страна на “таксирањето”, покрај сите непријатности што ги носи професијата.Чекав патници кај општината во Карпош. Бош ден - врне, грми - тек-тук по некој човек - недела попладне. Од карши по улицата гледам доаѓа еден полека-полека, како сред лето под некоја сенка. Дојде на станицата.