ВЕЧЕР СПЕЦ
Има ли кирилица во Рамстор
Сте виделе ли натпис напишан на кирилица низ коридорите во трговскиот центар Рамстор? Доволна ви се само една прошетка крај блескавите излози и мала концентрација за да забележите од каде потекнува чувството дека се наоѓате во некоја друга земја. На секој чекор “ве демнат” латинични натписи со имињата на престижните производители на облека, чевли, козметика, техничка стока и храна.
Образ обелува хипермаркетот, во кој гондолите со прозизводите се означени со натписи на македонски јазик и кирилично писмо. За оние што на денот на отворањето не успеаа да се истуркаат до таму, единствен пример за почитување на Законот за употреба на македонскиот јазик беа учениците од основното училиште Кочо Рацин, кои на својот штанд со ракотворби и оригами напишале “О.У Кочо Рацин - Скопје”.
Subscribe to:
Posts (Atom)