ГУРМАН
Бистро “Повеќе љубов” - Скопје
Мени за луѓе со пријателски однос кон храната
Васко Марковски
“Бетонскиот изглед” на блокот згради “Порта буњаковец” не ветува дека во нив може да се вдоми простор исполнет со ведрина и складни бои. Но, оние што веќе биле во бистрото “Повеќе љубов” сигурно го почувствувале можното во невозможното - топлината на портокаловото, свежината на зеленото и сончевината на жолтото, сместеи во утробата на бетонот. Хармоничните бои на ѕидовите се дополнети со пријатни детали инспирирани од природата: нанижани суви пиперки и стар лук, разни зеленчуци насликани на “даски за сецкање” и огромен тапет со црвени пиперки.
Бистрото е конципирано како кафуле во кое се служи храна и е просторно надоврзување на кафулето “Љубов”, кое се наоѓа “веднаш зад ѕидот”. Работи два месеца и нуди здрава храна, исклучиво од свежи зеленчуци, направена по италјански и израелски рецепти. Атмосферата е опуштена, без ресторанска строгост.
Седнувате и ве обзема мирис на вкусни сосови и на зеленчук приготвен со “нежни” кулинарски методи. Додека ги ловите првите тактови на лесната електронска музика, ви приоѓа љубезен персонал, кој пред секого од вас го постила необично дизајнираното мени, што подоцна ќе послужи како подлога за чиниите, приборот и чашите.
Ако сакате комплетно мени почнете со некое предјадење - маслинки, маринирано сирење, пиперка, кулен, говедска пршута или леб со намаз, или земете некоја супа - секој ден се приготвува различна - од грашок, домати, леќа, мешан зеленчук, пилешка или телешка. Ако не сте многу гладни, директно преминете на сендвичите. Посебна гордост на домаќините е сендвичот со пршута, сирење моцарела, зелена салата, домати, кромид и тиквички.
За главно јадење одберете нешто од неколкуте јадења од тестенини, или пробајте некаков специјалитет. Тестенините се базирани на фетучини, италијански долгнавести јувки: фетучини со пилешко месо, шампињони и павлака, фетучини со тиквички, маслинки и пиперки, фетучини со лосос, сушени домати и павлака, фетучини со пршута, спанаќ и павлака и фетучини “Песто”, со чери томато и павлака, во сос од свеж босилек и вински оцет. Особено вкуснен специјалитет е мешан зеленчук на соја сос, а не пропуштајте да пробате и сино сирење - сино сирење, зелена салата, домати, крушки, јаболки и ореви, пиле филе - пилешко месо со селена салата, домати, шампињони и сенф, или, најбараното - Њу Орлеанс филе - пилешко месо со лути црвени пиперки, свежи црвени пиперки, зелена салата, домати, модар патлиџан и бел сос “Виниград”.
Сосот “Виниград” е, всушност, она што ќе направи јадењата на “Повеќе љубов” долго да ги паметите. Познавам еден гурман кому специјално му подготвуваат шише сос “Виниград”, за да може да им додава на јадењата што си ги готви дома.
Адреса: булевар Партизански одреди 17, Порта Буњаковец - Скопје
Работно време: секој ден, од 11.00 до 24.00 ч.
Резервации: телефон 02 / 31 32 702.
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови.
Пристап за луѓе во количка: една скала за пристап, една рамнина.
Бистро “Повеќе љубов” - Скопје
Мени за луѓе со пријателски однос кон храната
Васко Марковски
“Бетонскиот изглед” на блокот згради “Порта буњаковец” не ветува дека во нив може да се вдоми простор исполнет со ведрина и складни бои. Но, оние што веќе биле во бистрото “Повеќе љубов” сигурно го почувствувале можното во невозможното - топлината на портокаловото, свежината на зеленото и сончевината на жолтото, сместеи во утробата на бетонот. Хармоничните бои на ѕидовите се дополнети со пријатни детали инспирирани од природата: нанижани суви пиперки и стар лук, разни зеленчуци насликани на “даски за сецкање” и огромен тапет со црвени пиперки.Бистрото е конципирано како кафуле во кое се служи храна и е просторно надоврзување на кафулето “Љубов”, кое се наоѓа “веднаш зад ѕидот”. Работи два месеца и нуди здрава храна, исклучиво од свежи зеленчуци, направена по италјански и израелски рецепти. Атмосферата е опуштена, без ресторанска строгост.
Седнувате и ве обзема мирис на вкусни сосови и на зеленчук приготвен со “нежни” кулинарски методи. Додека ги ловите првите тактови на лесната електронска музика, ви приоѓа љубезен персонал, кој пред секого од вас го постила необично дизајнираното мени, што подоцна ќе послужи како подлога за чиниите, приборот и чашите.Ако сакате комплетно мени почнете со некое предјадење - маслинки, маринирано сирење, пиперка, кулен, говедска пршута или леб со намаз, или земете некоја супа - секој ден се приготвува различна - од грашок, домати, леќа, мешан зеленчук, пилешка или телешка. Ако не сте многу гладни, директно преминете на сендвичите. Посебна гордост на домаќините е сендвичот со пршута, сирење моцарела, зелена салата, домати, кромид и тиквички.
За главно јадење одберете нешто од неколкуте јадења од тестенини, или пробајте некаков специјалитет. Тестенините се базирани на фетучини, италијански долгнавести јувки: фетучини со пилешко месо, шампињони и павлака, фетучини со тиквички, маслинки и пиперки, фетучини со лосос, сушени домати и павлака, фетучини со пршута, спанаќ и павлака и фетучини “Песто”, со чери томато и павлака, во сос од свеж босилек и вински оцет. Особено вкуснен специјалитет е мешан зеленчук на соја сос, а не пропуштајте да пробате и сино сирење - сино сирење, зелена салата, домати, крушки, јаболки и ореви, пиле филе - пилешко месо со селена салата, домати, шампињони и сенф, или, најбараното - Њу Орлеанс филе - пилешко месо со лути црвени пиперки, свежи црвени пиперки, зелена салата, домати, модар патлиџан и бел сос “Виниград”.Сосот “Виниград” е, всушност, она што ќе направи јадењата на “Повеќе љубов” долго да ги паметите. Познавам еден гурман кому специјално му подготвуваат шише сос “Виниград”, за да може да им додава на јадењата што си ги готви дома.
Адреса: булевар Партизански одреди 17, Порта Буњаковец - Скопје
Работно време: секој ден, од 11.00 до 24.00 ч.
Резервации: телефон 02 / 31 32 702.
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови.
Пристап за луѓе во количка: една скала за пристап, една рамнина.