ГУРМАН
Кинески ресторан “Шангај” - Скопје
Несекојдневни вкусови од Шангајскиот кантон
Васко Марковски
Еден од неколкуте кинески ресторани кои се појавија во Скопје во последниве десетина години е ресторанот “Шангај”, кој во текот на шестгодишното постоење работеше и под името “Златен пат”. Сопственици на ресторанот се искусни угостители од Шангај, Народна Република Кина, од каде што се и готвачите, кои работат во ресторанот уште од отворањето.
Ентериерот е во модерен кинески стил, во кој доминираат сината и белата боја, слики од познати современи кинески уметници, рачно изработени лустери од махагони и стакло и лесна кинеска поп музика.
Специфичност на шангајските јадења е комбинирањето на вкусовите, најчесто луто со кисело и слатко со кисело. Јадењата, пред се, се комбинации од зеленчук и пилешко, говедско или свинско месо, риба, ракови и патка, главен зачин е сојата, приготвена на разни начини. Од зеленчуците најчесто се употребува спанаќ, тиквички, пиперки и модар патлиџан, неколку видови кинески печурки. Кинеската кујна е блиска со макробиотската и речиси е незамисливо во јадењата да нема ориз. Боопшто не се употребуваат млеко и млечни производи, но, се користи сирење од соја. Често се употребува чили, кари, сусамово масло, морска сол, разни видови бибер, зачини од скаменети цветови и специјални зачини за јадења од патка.
Најпознато предјадење е шангајска патка - варена патка со соја сос, која се служи како ладно предјадење, еден од главните деликатеси во шангајската кујна (480 ден.). Се послужува со црвено вино и се комбинира со зеленчук. Од листата на предјадења би ги издвоиле и бадем во овошен шеќер (230 ден.) и слатко-кисела зелка со чили (90 ден.).
Од главните јадења ни препорачаа сотиран мешан зеленчук (150-200 ден.), исклучиво од свеж зеленчук, риба во соја - се приготвува со соја сос, кинески печурки, праз и корен од бамбус (290-560 ден.), пилешко во слатко-кисел сос - зиме се комбинира со ананас, налето со зеленчук (многу барано јадење, 290 ден.) и ориз со зеленчук и ситно сецкано говедско месо (330-350 ден.).
Како десерт земете пржен сладолед во тесто или овошна салата. Што се однесува на пијалоците, Кинезите главно со јадењето пијат кинески чај, во текот на целото јадење, кој брзо ја разложува храната и прави телото да се чувствува пријатно. Сепак, во посебни пригоди претпочитаат да се напијат цветни вина или од кинеското меко пиво чинг дао.
Адреса: Ленинова 38, на половина пат од Соборен храм “Свети Климент - Охридски” до пазарче “Буњаковец”
Работно време: понеделник-петок од 11.00 до 23.00, сабота-недела 12.00 до 24.00.
Резервации и нарачки за доставување дома: телефон 02 / 32 28 100.
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови, Мастерс кард, Маестро кард.
Пристап за луѓе во количка: проблематичен - неколку скали на влезот.
Кинески ресторан “Шангај” - Скопје
Несекојдневни вкусови од Шангајскиот кантон
Васко Марковски
Еден од неколкуте кинески ресторани кои се појавија во Скопје во последниве десетина години е ресторанот “Шангај”, кој во текот на шестгодишното постоење работеше и под името “Златен пат”. Сопственици на ресторанот се искусни угостители од Шангај, Народна Република Кина, од каде што се и готвачите, кои работат во ресторанот уште од отворањето.Ентериерот е во модерен кинески стил, во кој доминираат сината и белата боја, слики од познати современи кинески уметници, рачно изработени лустери од махагони и стакло и лесна кинеска поп музика.