недела, февруари 20, 2005

ГУРМАН
Гостилница КАНУ - Кратово
Чувствувајте се како кај братучед на гости

Васко Марковски


Првиот впечаток кога го чув името на гостилницата “кану” беше дека станува збор за уште едно неинвентивно име за угостителски локал, но не сум бил во право. Името го смислиле кратовските мајтапчии и се пишува со четири големи букви, КАНУ, со значење Кратовска академија на науките и уметностите. И не е далеку од вистината. Во гостилницата свратуваат луѓе од секакви профили: универзитетски професори прочуени низ светот, уметници, новинари, активисти на невладини организации и сиот нормален свет.

Ресторанот истовремено е и богат етнолошки музеј во мало. Ѕидовите и секое слободно ќоше се исполнети со тематски збирки на пасиониран колекционер: бакарни ѓумови и садови, носии од кратовскиот крај, стари фотографии со кратовски мотиви, колекции од пазарџиски железни ваги, сабји, јатагани и димсикии, стар “застанат” часовник.. и, највпечатливото, лустери од расклопен казан за печење ракија. Додека разгледувате што с? има, од стар звучник тивко “пеат” Александар Сариевски, Нина Спирова и Кирил Манчевски, а душата дополнително ви ја грее оган од печка на дрва.

Во ваков амбиент најдобро ќе “ви легнат” јадења од македонската кујна и кратовските специјалитети.

Како предјадење земете мешана салата, комбинација од свежо цвекло и моркови, туршија и кисела зелка, а за отворање апетит убаво ќе ви дојде ајвар или лутеница со потпечен леб. Понудата на аперитиви е стандардна, а она што не можете да го пробате на друго место е домашната ракија на КАНУ.

Како главно јадење гостилницата нуди разни видови скара, печено месо и тави. Можете да пробате и кратовска пастрмајлија, или, по кратовски пастрмајка - од велешката, штипската и пробиштипската се разликува по тоа што се прави со чадено месо. Она што не смеете да го пропуштите е тава со праз и свинско месо. Такво нешто ретко се пробува, а за комплетно уживање земете од домашното вино на батко Блаже, чии очи уште од вратата ви велат: овде чувствувајте се како кај братучед на гости.

Долго ќе ги памтите вкусовите на јадењата и благоста во очите на домаќините. Заедно со прочуените кратовски мостови и кули, гостилницата е доволно голем повод за да го видите овој град. Цените се прифатливи за секого.

Адреса: ул. Гоце Делчев б.б. - Кратово, до мостот кај Домот на културата
Резервации: 031 / 483 313 и 070 / 38 44 55 (Блаже).
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови.
Пристап за луѓе во количка: одличен; во една рамнина.

вторник, февруари 15, 2005

ГУРМАН
Ресторан “Национал”
Veni, Vidi - Vici?

Васко Марковски

Ресторанот Национал е пристојно решение кога ви треба згодно место за приватен или деловен ручек во центарот на Скопје. Нуди македонски национални специјалитети, разни видови скара, јадења од риба, тестенини, пици, пастрмајлии, домашна пита и варива.

Дел од понудата е и убавиот ентериер, кој е главниот адут на ресторанот: камени сводови, ѕидовите со топли бои, стара врата со впечатливо изработена железарија, гипсени релјефи со антички мотиви, репродукции на теракотни икони, бронзен аван со толчник, стара дрвена матарка и дискретно светло.

Според името на ресторанот можеби очекувате голем избор на национални јадења, но во менито доминираат јадења од интернационалната кујна.

Ви препорачуваме веднаш да порачате и главно јадење, бидејќи чекањето може да потрае подолго. Многу време може да ви земе и разгледувањето на преобемното мени, затоа, побарајте помош од персоналот.

За почеток, имате избор од дваесетина ладни и десетина топли предјадења и десетина видови чорби и супи, како и голема листа домашни и увозни аперитиви, безалкохолни и жестоки пијалоци.

Од главните јадења како репрезентативни за ресторанот ни ги препорачаа специјалитетите национална кула, македонска тава, аргатска закуска, Александар Македонски, вардарско грне, скопска вешалица, комбинации од неколку видови месо, печурки и заленчук, и тавче гравче со ребра. Од поинтересните додатоци, што го оправдуваат името Национал можете да земете домашна погача, пинџур или ајвар. Со главното јадење можете да се напиете пиво, точено или флаширано, или вино. Изборот е голем - речиси сите марки вино од домашните производители, а цените се прифатливи. Како десерт можете да одберете торта, палачинки, баклави.

За да не прегладнете дури чекате и за убаво да ви “легне” аперитивот, не пропуштајте да земете соленки форнарина и салата.

Во вечерните часови амбиентот го дополнуваат Миле Кузмановски, двајца инструменталисти и синтисајзерска матрица. На моменти нема да можете да ги чуете вашите соговорници, а репертоарот ќе ве натера повторно да се запрашате на која нација се однесува името на ресторанот. Персоналот е внимателен - ќе ви донесе, на пример, специјален пепелник за пура, но и толку љубезен што ќе ве одврати од помислата да реагирате поради бавноста, недонесената чаша вода или попрактична чаша за вино.

Наше мени: узо, грчка салата, соленки форнарина, аргатска закуска -нешто како селско месо во лепиња, точено пиво или мало шише “Т'га за југ”, парче торта, палачинки или баклава и македонско кафе - она што во другите ресторани се нарекува турско. Ќе ве чини околу 700 денари. Совет: побарајте аргатската закуска да е позачинета.

Адреса: Никола Русински 3А-1/1 - во близина на хотелот “Холидеј ин”, спроти влезот за подземната гаража кај Градскиот трговски центар
Работно време: понеделник-четврток од 9 до 24, петок и сабота од 9 до 1 по полноќ, недела од 9 до 24.
Резервации: телефон 02 / 32 14 200.
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови, Мастер кард, Маестро кард.
Пристап за луѓе во количка: проблематичен - една скала за пристап до кафе-пицеријата, дваесетина скали до главниот ресторански простор.




четврток, февруари 10, 2005

ГУРМАН
АРАПСКИ РЕСТОРАН „УМ ЗИНА“
Али Баба познат и по убави нешта

Васко Марковски

Она­му ка­де што зас­та­на рес­то­ра­нот СФ во 90-ти­те го­ди­ни, пред две го­ди­ни про­дол­жи рес­то­ра­нот Ум Зи­на, смес­тен во цен­та­рот на гра­дот. Тие на скоп­ја­ни им овоз­мо­жи­ја да ужи­ва­ат во спе­ци­ја­ли­те­ти­те на арап­ска­та куј­на.

На вле­зот ве пре­че­ку­ва лет­на те­ра­са со ма­си од “теш­ко” др­во и фон­та­на што жу­бо­ри во лет­ни­те “пус­тин­ски” жеш­ти­ни. Три­те де­ла на рес­то­ра­нот - глав­ни­от са­лон, лет­на­та те­ра­са и се­па­ре­то, не­на­мет­ли­во се де­ко­ри­ра­ни со пред­ме­ти од арап­ски­от свет: бам­бу­со­ви теп­сии, бе­ду­ин­ски но­сии и пер­ни­чи­ња за се­де­ње “об­ле­че­ни” во ара­бе­ски. Ако има­те сре­ќа, ам­би­ен­тот ќе ви го до­пол­ни и не­кој гос­тин со нар­ги­ле. Ком­плет­на­та сли­ка мо­же­те да ја до­би­е­те во пе­ток на­ве­чер, ко­га на прог­ра­ма­та се и сто­мач­ни тан­ци.

Глав­ни сос­тој­ки на ја­де­ња­та од арап­ска­та куј­на се на­у­тот, та­а­нот, раз­ни жи­тар­ки, бун­гурл, ориз и раз­ни ви­до­ви зе­лен­чук. Ја­де­ња­та се под­гот­ву­ва­ат со мас­ли­но­во мас­ло, а се за­чи­ну­ва­ат со ка­ри, ко­ри­јан­дер, су­мак, за­тар и хел. Хра­на­та се пе­че на јаг­лен, за да не се ме­ша­ат вку­со­ви­те. Глав­ни­те гот­ва­чи во Ум Зи­на се од арап­ско по­тек­ло, со по­ве­ќе­го­диш­но ис­ку­ство. Не­о­бич­ни­те ими­ња на ме­ни­то мо­же да ги збу­ни тие што во рес­то­ра­нот до­а­ѓа­ат прв­пат. Но пер­со­на­лот е вед­наш ту­ка да ви по­мог­не во из­бо­рот.

Лис­та­та на пи­ја­ла­ци е стан­дар­дна, но има и тур­ски или арап­ски чај и чај од на­не. Це­ни­те се во­о­би­ча­е­ни. Апе­ри­ти­ви­те, “жес­то­ки­те” пи­ја­ла­ци и ви­на­та од ма­ке­дон­ско­то ви­но­гор­је би мо­же­ле да би­дат мал­ку по­ев­ти­ни. Про­бај­те ги по­ав­тен­тич­ни­те пи­ја­ла­ци: ај­ран - со­лен јо­гурт со сит­но исеч­ка­ни лив­чи­ња на­не и арап­ско­то бе­ду­ин­ско ка­фе - слич­но на тур­ско­то, но по­из­ври­е­но и за­чи­не­то со хел. Од де­сер­ти­те, ку­ќа­та ги пре­по­ра­чу­ва арап­ска­та ту­фа­хи­ја - пе­че­но ја­бол­ко пол­не­то со фил од ур­ми, ко­ла­чот зи­на - сув ко­лач со ја­бол­ко и бак­ла­ва со ф'ста­ци.
Но, тоа е на кра­јот.


Стар­ту­вај­те со ме­зе од фе­ла­фел - ќоф­ти­ња од на­ут, ху­мус - пас­та од на­ут и та­ан со до­ма­ти. До­бар из­бор е и адес-чор­ба - ве­ге­та­ри­јан­ска чор­ба од цр­ве­на ле­ќа со ка­ри. Спе­ци­ја­ли­тет на ку­ќа­та е али ба­ба-пор­ци­ја, што е ме­ша­ви­на од по­ве­ќе ја­де­ња: пи­леш­ки ра­жен­чи­ња, шиш-ќе­бап - го­лем приб­лиж­но ка­ко пет ќе­ба­пи од скоп­ски­те ќе­бап­чил­ни­ци, куб­бе - не­кол­ку ви­до­ви ќоф­ти­ња од ком­пир, ориз, бун­гур, пол­не­ти со ме­ле­но ме­со, фе­ла­фел, ба­са­ма­ти ориз - вид дол­гна­вест ориз и гар­нир од свеж зе­лен­чук. Пор­ци­ја­та е до­во­лен об­рок за две до три ли­ца и чи­ни 800 де­на­ри. За це­лос­но за­до­вол­ство, со глав­но­то ја­де­ње мо­же­те да зе­ме­те и са­ла­та те­бу­ле - од маг­до­нос, бур­гул и до­ма­ти, или фе­туш - неш­то ка­ко “шоп­ска”, гар­ни­ра­на со кр­шен арап­ски лис­тест леб.

Во Ум Зи­на мо­же со­лид­но да се ру­ча за око­лу 500 де­на­ри (ска­ра, са­ла­та, ме­зе и еден пи­ја­лак), но за це­лос­но ужи­ва­ње би би­ло доб­ро да не ште­ди­те прем­но­гу. И за крај, еден со­вет: арап­ска­та хра­на се под­гот­ву­ва по­дол­го, за да не че­ка­те, по­доб­ро е да по­ра­ча­те пред да дој­де­те во рес­то­ра­нот. Се на­о­ѓа во цен­та­рот, до Аген­ци­ја­та за исе­ле­ниш­тво.

Ре­зер­ва­ции: тел. 02/ 3129 345 и 070/ 246 977 (во не­де­ла не ра­бо­ти).